Дома Фудбал Англија Покрај Гвардиола и еден играч потврдил дека останува во Сити

Покрај Гвардиола и еден играч потврдил дека останува во Сити

Oткако на Манчестер Сити му беше соопштено за казната од УЕФА и суспензијата на две сезони од Лигата на шампионите во медиумите започна да се пишува за можен егзодус во редовите на „граѓаните“.

Меѓутоа, Пеп Гвардиола во изјава за „Скај“ Спорт истакна дека ако само тој се прашува ќе остане со клубот дури и ако биде исфрлен во четврта лига. Наводно, тој и одржал состанок со фудбалерите на кои им порачал дека сега е момент во кој треба да држат заедно.

Покрај Гвардиола еден од фудбалерите кои наводно нема намера да си замине е и Рахим Стерлинг.

„Рахим е фокусиран на Манчестер Сити и во моментот нема преговори за негов трансфер во друг клуб“, изјави агентот на фудбалерот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…