Дома Фудбал Англија Покетино: Можеби и ние можеме да се вмешаме во борбата за титулата, но…

Покетино: Можеби и ние можеме да се вмешаме во борбата за титулата, но…

Тотенхем оваа сезона игра фантастично и моментално е третопласирана екипа во ПЛ со 42 освоени ова по одиграни 18 кола.

Иако Спарси се незапирливи, имаат несреќа што Ливерпул и Манчестер Сити се уште по доминантни во борбата за титулата и натаму се далеку за лондонскиот клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Тотенхем потајно се надева дека на крајот на сезона ќе бидат на тронот, иако Покетино е свесен дека тоа ќе биде тешка задача за нив.

„И понатаму верувам дека Ливерпул и Сити се главни фаворити за титулата во ПЛ. Ако бидеме константни и играме на начин како до сега, можеби и ќе можеме да се вмешаме во трката. Кој знае, има уште многу натпревари до крајот.“ – изјави Покетино.

Во наредното коло Тотенхем на Вембли ќе го пречека Борнмут, а тој натпревар е на распоредот во среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…