Видео технологијата ВАР од следната сезона ќе биде воведена во англиското првенство откако направи успешно деби во ФА Купот, соопшти Англиската федерација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот од ФА купот помеѓу Брајтон и Кристал Палас влезе во историјата на англискиот фудбал како прв на кој се користеше видео-технологијата (ВАР).
Со оглед на фактот дека ВАР успешно беше искористен на овој меч и наиде на позитивни критики, директорот на Федерацијата, Мартин Глен потврди дека од следната година ВАР ќе се применува и во Премиер лигата.
„Мислам дека после неколку сезони ќе се чудиме како сме се справувале без видео-технологија. Ние го поткрепувавме овој систем уште кога ФИФА се противеше. Се радуваме што позитивно беше искористен во натпревар од ФА Купот, најверојатно од следната сезона ќе го користиме и во Премиер лигата“, изјави Глен.