Tимот на Силекс изби на првата позиција на табелата откако денес ја совлада Ренова со 3:1 во рамките од 4-тото коло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во еден интересен натпревар Силекс ја победи Ренова иако губеше на стартот од натпреварот. Ренова ја искористи подобрата игра на почетокот и преку Рамадани во седмата минута стигна до предност. Силекс направи пресврт во само три минути од 42 до 45 минута со головите на Пепи Георгиев и Денис Ристов. Конечните 3:1 ги постави Георгиев со својот втор гол по еден час игра.
Силекс е првопласиран и затоа што Шкендија дома против Борец одигра само 1:1. Станковски ги доведе Велешани во водство, додека Шкендија изедначи преку Дита.