Дома Фудбал Италија Пиоли: Милан е мојот дом!

Пиоли: Милан е мојот дом!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во интервју за италијанските медиуми зборуваше за многу теми, меѓу кои и трката за Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пристигна Пиоли, Милан доживеа „ренесанса“ и од тим кој бее на средина на табелата сега се бори за титула и е лидер на табелата.

„Сите ние заедно во клубот се обидуваме да испишеме нови страници во клупската историја. Развојот на тимот беше работа во која беа вклучени сите во клубот. Елиот менаџмент не постави во таква позиција за да можеме сите да го дадеме најдоброто од себе. За мене и за играчите е од големо значење што го имаме Малдини како директор, бидејќи тој е референтна точка“, изјави Пиоли.

„По само неколку денови во клубот почувствував нешто што никаде не сум го почувствувал, се почувствував како да сум во мојот дом, тоа е Милан за мене, мојот дом, а притисокот е дел од мојата работа, но исто така и мотивација бидејќи постојано ме потсетува дека можам подобро“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Канада загрижени: Босанците можат да ги посрамотат!

Натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој во петок ќе се одржи на стадионот БМО Ф…