Фикајо Томори и Брахим Дијаз ги исполнија очекувањата во Милано и челниците на клубот сакаат да ги откупат.
Ако Милан го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите во последните две кола нема дилеми дека ќе преговара со Реал и Челзи околу конечната цена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Kлазулата на Томори за позајмица е поставена на 28 милиони евра, Милан се обидува да ја спушти и се чека одговорн а Челзи. Перез не ја одредил цената за Дијаз, но познато е дека Милан и Реал се во добри односи па се очекува да се постигне договор.
„Газета дело Спорт“ пишува дека тренерот Стефано Пиоли ќе продолжи да ја форсира формацијата 4-2-3-1 во која одлично се вклопуваат Томори и Дијаз.