Дома Фудбал Пике: Уште имаме шанси за титула

Пике: Уште имаме шанси за титула

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике нормално е разочаран со ремито против Кадиз, Каталонците испуштија шанса дополнително да се доближат до Атлетико кој ова коло изгуби од Леванте.

Пике сепак не се откажува и порачува дека според него Барселона се уште има шанси за титула.

„Болно е во реми. Атлетико имавме шансас со поразот, но ние не ја искористивме. Имавме поништен гол, премногу размислувавме и пропуштавме прилики. Изгубивме само два бода и тоа поради пенал во 90. минути, навистина е тешко. Овој натпревар беше важен, но се уште имаме шанси за титулата“, изјави Пике.

Барселона сега е трета на табелата со 47 бодови, осум помалку од лидерот Атлетико и пет помалку од Реал Мадрид.

Во наредното коло Каталонците ќе играат протрив Елче, додека Кадиз ќе го пречека Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Брујн влезе во елитното друштво асистенти во ПЛ, но се уште е далеку од Рајан Гигс

Најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн влезе во елитното друштво на асистен…