Дома Трансфер зона Очајнички обиди на Баерн – Салихамиџиќ „летал“ до Мајорка!

Очајнички обиди на Баерн – Салихамиџиќ „летал“ до Мајорка!

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ лично oтпатувал да преговара со Роберт Левандовски, меѓутоа полскиот голгетер останал на својот став.

Реномираниот „Билд“ тврди дека Салихамиџиќ закажал средба Пини Захави и Левандовски, а таа средба се случила во Мајорка каде што Левандовски е на одмор. Истиот извор наведува и дека патот на Салихамиџиќ бил залуден затоа што одговорот на Левандовски бил истиот – нема намера да продолжи во Баерн.

Неговата желба е трансфер во Барселона. Каталонците веќе испратија една понуда од 32+5 милиони евра, меѓутоа се очекува да биде зголемена на 40-45 со што веројатно би се постигнал договор.

На средбата Левандовски му повторил на Салихамиџиќ дека не се чувствува мотивирано да игра за Баерн и сака нов предизвик во Барселона. Со тоа Салихамиџиќ се вратил во Минхен со негативен одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Чел…