Дома Фудбал Ливерпул покажува интерес за Ендрик од Реал

Ливерпул покажува интерес за Ендрик од Реал

Ендрик, 20-годишниот напаѓач на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, нема да биде во составот за дуелот против Еспањол при отворањето на Ла Лига. Жозе Мурињо не смета на Ендрик барем не оваа сезона, па така тој повторно ќе замине на позајмица. Реал го купи Ендрик пред две години од Палмеирас за 47 милиони евра. Од тогаш тој одиграл 40 натпревари за Реал, најчесто настапувајќи од клупата, и постигна седум гола.

Добро го искористи вториот дел од минатата сезона додека беше на позајмица во Лион, каде што во 21 настап успеа да постигне осум гола и да забележи осум асистенции. Според “Таймс”, Ливерпул официјално се интересирал кај Реал дали Ендрик е достапен бидејќи може да му гарантираат редовен настап, за разлика од Реал каде што не може да се избори за место покрај Винисиус, Мбапе, Родриго и Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жозе Мурињо: Сезона без трофеј е неуспех за Реал Мадрид

Жозе Мурињо смета дека успехот во Real Madrid не може да се мери само преку добрите настап…