Дома Трансфер зона Отказот на Анчелоти го вклучи „алармот“ на „Меаца“

Отказот на Анчелоти го вклучи „алармот“ на „Меаца“

Екипата на Интер не се откажува од фудбалерот на Баерн Минхен.

„Нероаѕурите“ ова лето доведоа неколку засилувања и сезоната во Серија А ја започнаа навистина одлично, па Спалети би можел да добие некој „подарок“ во јануари.

Не е тајна дека Интер има голема желба во своите редови да го доведе одличниот играч за врска на Баерн Минхен, Артуро Видал. Се обидуваа „нероаѕурите“ и во текот на летото, но Баерн ги одбиваше нивните понуди.

Во управата на клубот од Милано сепак се надеваат дека работите се промениле со заминувањето на Карло Анчелоти, па Интер повторно ќе се обиде да го доведе Видал и тоа веќе во јануари.

Да потсетиме, Видал веќе настапуваше во Серија А и тоа во редовите на Јувентус, клуб со кој четири пати стигна до титулата во италијанското првенство, а неговиот договор со Баерн има важност во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…