Дома Фудбал Лига на шампиони Нови коефициенти од букмејкерите: Ова се првите три фаворити за трофејот во Лигата на шампионите

Нови коефициенти од букмејкерите: Ова се првите три фаворити за трофејот во Лигата на шампионите

champions league

Според обложувалниците и понатаму прв фаворит за освојување на титулата е Манчестер Сити.

Се уште е рано во најелитното европско натпреварување измина само половина, односно беа одиграни три кола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После секое коло светските обложувалници објавуваат коефициенти за кандидатите за титулата, а во овој момент први три фаворти се Манчестер Сити, Барселона и Јувентус.

Најголеми шанси букмејкерите му даваат на тимот на Гвардиола кој има коефициент од 5.5. Иако Гвардиола тврди дека неговиот тим не е помеѓу фаворитите, најмногу поради тоа што „граѓаните“ немаа голема историја како ривалите, јасно е дека имаат тим за високи дострели.

Зад Манчестер Сити следи Барселона за која можеби е и изненадување што се наоѓа волку високо со оглед на мини-кризата која ја имаше неодамна. Но, тие во својот тим имаат волшебник каков што е Лионел Меси и ако тој игра како што знае, тогаш Барса сигурно ќе биде силна. Коефициентот за Барселона изнесува 6.

На третата позиција следи Јувентус кој веќе неколку години е во самиот врв на европскиот фудбал, но секогаш му недостасуваше тој последен чекор, а сега имаат човек кој може да на Торино да му ја донесе европската титулата – Кристиано Роналдо. Букмејкерите за Јувентус доделија коефициент 7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …