
Според информациите, Манчестер Јунајтед ќе го обнови интересот за дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвејт, за време на летниот трансфер период следната година.
Името на 20-кратниот шампион на Англија беше сериозно поврзано со овој играч уште во летото 2024 година. Се смета дека „црвените ѓаволи“ направиле барем две одбиени понуди за дефанзивецот пред почетокот на сезоната 2024-25, по што Англичанецот потпиша нов договор со својот клуб до јуни 2030 година. Поради тешка повреда на тетивата, 24-годишниот фудбалер запиша само 10 натпревари за Евертон во сезоната 2025-26, но од почетокот на сегашната сезона е во одлична форма.
Според поранешниот главен скаут на Манчестер Јунајтед, Мик Браун, Брантвејт сè уште е во фокусот на клубот.
„Манчестер Јунајтед треба што поскоро да ги реши проблемите во одбраната“, изјави Браун за „Фудбал Инсајдер“. „Кога ја гледам одбранбената четворка на Евертон, на пример, гледам огромни разлики во желбата и подготвеноста за одбрана во споредба со она што го набљудувам кај Манчестер Јунајтед. [Џејмс] Тарковски е одличен секоја недела, а Брантвејт покрај него секогаш импресионира. Да се надеваме, дека ќе остане здрав низ целата сезона“.