Дома Фудбал Италија Новиот тренер на Јувентус фотографиран во Торино?

Новиот тренер на Јувентус фотографиран во Торино?

Тимот на Јувентус под водство на Андреа Пирло игра навистина слаба сезона.

„Бјанконерите“ се во голем проблем и може да останат без место во Лигата на шампионите наредната сезона, а трофеј единствено можат да освојат ако ја победат Аталанта во финалето од Купот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Скоро извесно е дека во Торино ќе има големи промени во текот на летото и останувањето на Пирло е под голем знак прашалник.

Очекувањата се Пирло да си замине на крајот од сезоната, а екипата би можел да ја превземе поранешниот тренер на овој клуб Масимилијано Алегри.

Искусниот 53 годишник бил виден во Торино со кординаторот за спорт на Јувентус Федерико Черубини и тоа дополнително ги зголеми најавите за негово враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …