Дома Фудбал Англија Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот стратег е промовиран во нов тренер на англиски Вест Хем.

Информацијата за ангажманот на Лопетеги беше потврдена од страна на клубот.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


„Со задоволство го најавуваме доаѓањето на Лопетеги. Станува збор за искусен стратег и веруваме ќе ни помогне во наредните сезони. Навивачите се задоволни, а исто и ние“, соопштија од Вест Хем.

Од ангажманот задоволство изрази и самиот Лопетеги.

„Благодарен сум на управата што ме ангажираше. Вест Хем е еден славен клуб со голема историја и неверојатни навивачи. Ќе дадам се од себе за да успееме“, изјави Лоптеги.

Кариерата како тренер Лопетеги ја започна во Рајо, а потоа беше тренер на Порто, Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија ја има најскапата репрезентација на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Англија, според цените на фудбалерите, има најголема вреднос…