Дома Фудбал Италија Нервозниот Алегри ги опцу играчите на Јувентус по ремито со Милан 🎥

Нервозниот Алегри ги опцу играчите на Јувентус по ремито со Милан 🎥

Јувентус игра очајно во новата сезона од италијанската Серија А. Тимот на Масимилијано Алегри има само два освоени бодови од 12, а по ремито со Милан (1-1), тренерот беше ептен нервозен.

Камерите го снимија 54-годишниот тренер како нервозно се движи кон соблекувалната и притоа пцуе.

„Да ве е*ам, па вие играте за Јувентус“, викаше нервозниот Алегри.

Алегри и на интервјуто беше нервозен затоа што наводно имало караница во соблекувалната по натпреварот.

Јувентус е очигледно во големи проблеми на почетокот на новата сезона, а шанса да стигнат до прва победа ќе имаат кај Специја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио и Интер одиграа возбудлив натпревар на „Олпимпико“, домаќините со пресврт дојдоа до …