Дома Офсајд На Роналдо му дала „корпа“, а се дружи со Нејмар и Хамилтон (ФОТО)

На Роналдо му дала „корпа“, а се дружи со Нејмар и Хамилтон (ФОТО)

Руската манекенка Викторија Одинтчова тврди дека му дала „корпа“ на Кристиано Роналдо.

На Викторија следбеници на Инстаграм не и недостасуваат, но малку медиумско внимание изгледа дека да. Сега таа одлучи јавно да зборува дека Кристиано Роналдо и пишал на Инстаграм, но дека таа го игнорирала.

„Беше тоа одамна, но се сеќавам дека Роналдо ми напиша: Здраво како си? Ја избришав пораката и не му одговорив. Не му дадов шанса. Знам дека некои девојки такво нешто едвај би дочекале, но не ми падна на памет да му одговарам и да трчам по него“, изјави Викторија, па откри дека е во комуникација со Нејмар и Луис Хамилтон.

„Најпознатата личност од мојот именик е Луис Хамилтон. Последен пат ми се јави на 15. ноември да ми го честита роденденот. Пријатели сме и често си пишуваме и комуницираме. Повремено одам на неговите трки, последен пат беше во Сочи. Го запознав пред три години, тогаш едвај го разбрав бидејќи не знаев добро англиски“.

Преку Хамилтон го запознала и Нејмар.

„Нејмар е нормално момче, понекогаш се слушаме на Инстаграм. Луис нас не запозна“, тврди манекенката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Роналдињо во свој стил: Група на жени влегуваат и излегуваат од неговата соба

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно се најде во центарот на вниманието. Нек…