Дома Македонски спорт Мак фудбал На Израелците им „лежи“ Скопје ама ние денес сакаме победа за најдобар пласман!

На Израелците им „лежи“ Скопје ама ние денес сакаме победа за најдобар пласман!

Репрезентацијата на Македонија денес во 20:45 го игра последниот натпревар во квалификациите за ЕП 2020.

На нашата арена гостува Израел. И ние и Израелците немаме шанси за пласман на ЕП преку оваа група, па ова ќе биде натпревар за подобар пласман. Треба да се истакне дека ние ќе играме за победа за пласман на тоа трето место кое би било најдобар пласман во едни квалификации на нашата репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По традиција Израел е незгоден противник за Македонија и во официјалните натпревари од 2002 година па наваму сме го победиле само на еден натпревар, во 2017 година на гостински терен 0:1.

Во меѓусебните дуели од 2002 година Израелците се поуспешни од нашата селекција, имаат четири победи (една на пријателски натпревар), додека ние сме радувале само во споменатиот натпревар во 2017, последниот во овие квалификации е единтвениот во кој немало победник.

Меѓусебни натпревари:

Македонија – Израел 20.11.2002 2:3 (пријателски натпревари)

Македонија – Израел 02.06.2007 1:2 (Квалификации за ЕП)

Израел – Македонија 21.11.2007 1:0 (Квалификации за ЕП)

Македонија – Израел 06.10.2016 1:2 (Квалификации за СП)

Израел – Макдонија 02.09.2017 0:1 (Квалификации за СП)

Израел – Македонија 05.09.2019 1:1 (Квалификации за ЕП)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…