На денешен ден во 1992 година одиграно е првото коло во новоформираната македонска фудбалска лига по распадот на Југославија.
Првиот гол бил дело на Бруно Пресилски од Пелистер во победата на битолскиот тим против Рудар од 5:0.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Таа сезона титулата убедливо ја освоил Вардар со 21 бод предност пред Силекс, но и гол-разлика 103 (119 постигнати и 16 примени гола).
Комплетната табела од сезоната можете да ја погледнете на порталот „macedonianfootball.com“.
Коментари