Дома Фудбал Останато Најголема болка на Балотели му нанела Македонија

Најголема болка на Балотели му нанела Македонија

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели изјави дека не се откажува од репрезентацијата и се уште се надева на повик.

Кариерата на Балотели веќе неколку години е во надолна линија и тој не е дел од репрезентацијата, а призна дека најголема болка му бил поразот од Македонија во баражот за СП.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Веќе не ги гледам натпреварите на италијанската репрезентација. Премногу е болно што не сум во неа. Понекогаш ги мразев луѓето кои работат во репрезентацијата. Но, искрено, не можам да ги гледам натпреварите бидејќи би сакал да бидам дел од тимот, многу му должам на Роберто Манчини, но и тој ми должи мене“, истакна Балотели.

„Натпреварот Италија – Македонија ми ја зададе најголемата болка. Мислам дека никогаш не се опоравив од таа тага. Ја презедов одговорноста што не се квалификувавме за Светското првенство, иако не играв, бидејќи некои од поискусните немаа храброст да истапат“, додаде Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…