Дома Фудбал Фудбалерите на Вардар ако ја поминат Рига ќе поделат 100.000 евра!

Фудбалерите на Вардар ако ја поминат Рига ќе поделат 100.000 евра!

Фудбалерите на Вардар ќе имаат и финансиски мотив пред двомечот со Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Клубот одлучи да ги награди „црвено-црните“ со премија од 100.000 евра доколку успеат да го елиминираат летонскиот тим и да обезбедат место во следната фаза од натпреварувањето.

Во таборот на Вардар владее позитивна атмосфера и верување дека екипата може да продолжи со добрите европски настапи, а најавената премија треба да претставува дополнителен стимул за играчите во пресрет на двата клучни натпревари.

Првата пресметка меѓу Вардар и Рига ќе се одигра утревечер од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е закажан за 28 јули во Летонија, кога ќе биде познат патникот во следното квалификациско коло од Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона за прв пат ја надмина чудесната граница!

Враќањето на Стадионот „Спотифај Камп Ноу“, растот на приходите од спонзори и рекордната п…