Дома Фудбал ФИФА почна постапка против Паредес – можна е повеќемесечна суспензија

ФИФА почна постапка против Паредес – можна е повеќемесечна суспензија

ФИФА започна дисциплинска постапка поради масовната тепачка која избувна непосредно по завршувањето на натпреварот, а аргентинскиот играч за врска се соочува со потенцијална повеќемесечна суспензија за натпреварите на репрезентацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паредес беше еден од главните актери во инцидентот на теренот на стадионот Метлајф во Њу Џерси. Камерите забележаа како во конфликтот го турна Ерик Гарсија, а потоа нападна и на Гави.

Аргентинецот поради своето однесување доби директен црвен картон после последниот судиски свиреж, но неговата казна веројатно нема да остане само на автоматска суспензија.

Според пишувањата на светските медиуми, доколку ФИФА утврди дека Паредес намерно физички ги нападнал противничките играчи, може да биде казнет со забрана за играње на најмалку три меѓународни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагичарот на Аргентина од финалето на Светското првенство го прекина молкот (Видео)

Енцо ФернандеЗ се огласи со емотивна порака по финалето на Светското првенство, во кое во …