
Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морган Роџерс пристигна од Астон Вила за импресивна сума од 137 милиони евра и потпиша договор со лондонскиот клуб на шест години.
Клубот од Стемфорд Бриџ во договорот вклучи опција за продолжување на соработката до јуни 2033 година, со што долгорочно се обезбедија со еден од најперспективните млади англиски фудбалери.
Астон Вила нема да добие бонуси или дополнителни исплати.
Целосната сума од 137 милиони евра е фиксна и ќе оди директно на сметката на клубот од Бирмингем, а со оваа зделка, Роџерс стана најскапиот играч во историјата на Челзи.