Дома Фудбал Колку заработи судијата Славко Винчиќ на Светското првенство?

Колку заработи судијата Славко Винчиќ на Светското првенство?

Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ имаше чест да суди на најголемиот фудбалски натпревар годинава. Тој го водеше финалето на Светското првенство на „Метлајф” помеѓу Шпанија и Аргентина и навистина маестрално успеа да не падне во “замката” меѓу двете огнени екипи, смирувајќи ги темпераментните играчи на двата тима.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навистина може да се каже дека испитот го положил и дека Пјерлуиџи Колина направил добар избор кога го избрал Винчиќ (46) за главен арбитер, иако многумина беа претпазливи поради аферата од пред неколку години кога беше уапсен во околината на Бијељина.

Според пишувањата на словенечките медиуми, Винчиќ само за судењето на финалето во стадионот во Њујорк (Њу Џерси) заработил околу 60.000 американски долари. Кога на таа сума се додаваат сите хонорари што ги остварил за време на првенството, Винчиќ се врати од Мундијалот во Соединетите Американски Држави побогат за дури 140.000 американски долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морга…