
Жестоката и крајно агресивна игра на аргентинските фудбалери од самиот старт на финалето на Светското првенство против Шпанија (0:1) предизвика силни реакции и револт кај јавноста, што кулминираше со масовна тепачка меѓу играчите по последниот судиски свиреж.
Новите светски шампиони станаа репрезентативците на Шпанија, кои со минимална победа од 1:0 благодарение на голот на Феран Торес во продолженијата, стигнаа до златниот трофеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Црвената фурија на овој начин повторно ги обедини титулите на европски и светски првак, нешто што успеаја да го постигнат и во нивната златна ера кога ја покорија планетата во 2010 година и Европа во 2008 и 2012 година.
Сепак, наместо течен фудбал, публиката во Њу Џерси беше сведок на раниот притисок на Гаучосите, кои со остри стартови се обидуваа да ја прекинат играта на противникот.
Првите тензии почнаа кога Алексис Мај Алистер остро го фаулираше Дани Олмо, но словенечкиот судија Славко Винчиќ не покажа жолт картон.
Кратко потоа, Николас Талијафико два пати грубо го запре Јамал, по што неопходно беше да интервенира четвртиот судија за да ги раздвојува стручните штабови.
Таквото однесување на теренот жестоко беше осудено од познатиот шпански коментатор Пако Гонзалез кој за време на радио преносот не бираше зборови.
“Ако во една акција можат да направат три фаули, ќе ги направат. Кај нив сè е дозволено. Тие се свињи. Валкани играчи, силеџии. Не ги поднесувам”, изјави Гонзалез.