Дома Фудбал Зборови што значат повеќе од медал: Јамал откри што му кажал Меси

Зборови што значат повеќе од медал: Јамал откри што му кажал Меси

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, откри што му кажа Лионел Меси по завршувањето на големото финале на Светскиот куп во фудбал.

Да потсетиме, Шпанија во неделата ја совлада Аргентина со резултат 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Феран Торес во 106. минута од средбата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По враќањето во Шпанија, Јамал изјави дека Меси за него е најдобриот фудбалер во историјата.

“Тој е личност на која отсекогаш сум се угледувал. После натпреварот сакав да му укажам почит”, објасни Јамал.

Тој призна дека се уште му е неверојатно како неговата кариера брзо се развива.

“Ако некој ми кажеше пред неколку години дека овде ќе го кренам трофејот на Светското првенство откако ќе играм против Лионел Меси, ќе помислев дека е луд”, рече тој.

Специјален впечаток на Јамал остави разговорот што го имаше со аргентинскиот капитен веднаш по завршувањето на финалниот натпревар.

“Ми кажа да продолжам по мојата пат и дека иднината ѝ припаѓа на нашата генерација. Тие зборови значат исто колку и медалот што ми виси околу вратот”, откри младиот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ ќе се збогува од Хрватска во вистински спектакл против светските шампиони?

Лука Модриќ би можел да ја заврши својата репрезентативна кариера почетокот на октомври, п…