Дома Фудбал Роналдо понижен во Maдрид: Детал од прославата на Шпанците предизвика бура од реакции (ВИДЕО)

Роналдо понижен во Maдрид: Детал од прославата на Шпанците предизвика бура од реакции (ВИДЕО)

Фудбалерите на шпанската репрезентација се вратија во Мадрид, каде заедно со илјадници верни навивачи го прославија освојувањето на втората светска титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По парадата низ улиците на главниот град, следеше централната манифестација, на која репрезентативците еден по еден беа претставени на публиката. Тогаш при претставувањето на Жереми Пино се случи момент што брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Додека го најавуваше шпанскиот репрезентативец, водителот на програмата Раул Рамос порача:

„Во Ломо дел Ченчу, Пино го викаа Кристијано Роналдо. Но, знаете ли која е разликата? Пино има светска титула.“

Неговата забелешка предизвика воодушевување меѓу присутните фанови, а снимката набрзо ги преплави социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции, особено кај приврзаниците на португалската фудбалска ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teбас брутално го нападна Инфантино: Мора веднаш да си замине!

Организирањето на Светското фудбалско првенство во Америка привлече бројни критики од нави…