
Реал Мадрид направи низа промени летово. Новиот тренер Жозе Мурињо носи играчи како на трака и „Кралевите“ ќе влезат во новата сезона со значително изменет состав.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одбраната претрпе најголеми промени. Од клубот си заминаа Дани Карвахал и Давид Алаба, а сигурно ќе има уште заминувања до крајот на трансфер периодот. Во клубот пристигнаа Дензел Думфрис, Ибрахима Конате и Марк Кукурела.
Дефанзивниот дел на тимот веројатно ќе биде засилен и со италијанскиот стопер Алесандро Бастони. Жозе Мурињо сака уште еден стопер, а 27-годишниот играч на Интер е првата опција. Разговорите веќе се одржани.
„Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, разговараше со стоперот на Интер, Алесандро Бастони, за прелазот во Реал. Играчот сака да дојде, јасно се изрази дека сака во Реал и би сакал трансферот веќе да се случи“, тврдат извори блиски до кралскиот клуб.
Бастони ќе го чини Реал околу 60 милиони евра. Тоа е сумата што Интер ја бара за документите на овој стопер.