Дома Фудбал Италија Наполи тргнува по Нагелсман

Наполи тргнува по Нагелсман

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е во потрага по нов тренер и остварил контакт со Јулијан Нагелсман, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Скај Италија“ пренесе дека Наполи се откажал од Луис Енрике бидејќи е прескап и дека се насочува кон Серџо Консеисао.

Меѓутоа, пред да влезат преговорите со Португалецот во напредна фаза Де Лаурентис го контактирал Нагелсман.

Нагелсман е слободен, откако претходно оваа пролет доби отказ од Баерн Минхен.

Пред извесно време се водеа разговори меѓу Нагелсман и челниците на Наполи, но тоа беше само информативно, а сега наводно италијанскиот клуб е спремен да испрати конкуретна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Босна прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто (Видео)

Вечерва, според средноевропското време, во 21:00 часот фудбалската репрезентација на Босна…