Дома Фудбал Реал Мадрид активира „бомба“ и ги изненади Барселона и Атлетико

Реал Мадрид активира „бомба“ и ги изненади Барселона и Атлетико

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва е на чекор до сензационален трансфер во Реал Мадрид, откако ги прифатил условите што му биле понудени од шпанскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, двете страни постигнале договор за двегодишна соработка, со можност за продолжување на договорот на уште една сезона. Реал Мадрид веќе му го испратил и официјалниот договор на искусниот играч за врска, кој наскоро треба да биде потпишан со цел да се избегнат какви било неочекувани пресврти во завршната фаза од преговорите.

Бернардо Силва, кој во изминатите години беше еден од најважните фудбалери на Манчестер Сити, се очекува да донесе дополнителен квалитет, креативност и искуство во средниот ред на „кралскиот клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрибините на натпреварот Јужна Кореја – Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни

Фудбалерите на Јужна Кореја успеаја да ја надминат Чешка со резултат 2:1 во првото коло од…