
Домаќинот Мексико лесно ја совлада Јужна Африка со 2:0 во отворачкиот натпревар на Мундијалот, одигран на легендарната „Ацтека“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Головите на Хулиан Киньонес (9’) и Раул Хименес (67’) ѝ донесоа заслужена победа на „Ел Три“ пред над 80.000 нивни фанови, кои го исполнија стадионот далеку пред почетокот во 13:00 по локално време.
Сепак, натпреварот ќе остане запаметен во историјата по трите директни црвени картона – два за африканскиот тим на Спепело Ситоле (50’) и Темба Зуане (84’), како и за Сесар Монтес (90+2’) од мексиканската страна.