Легендата на светскиот фудбал во интервју за „SPOX“ ја коментираше одлуката на Баерн кој неодамна го промени тренерот и на местото на Нагелсман го доведе Томас Тухел.
Матеус не верувал дека отказот на Тухел ќе дојде толку одеднаш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше тоа големо изненадување за многумина, не само за мене. Нагелсман работеше одлично и ја освои Бундеслигата. Можеби не беше добар во Лигата на шампионите во првата година, но оваа година против ПСЖ, Интер, Барселона победуваше. Во Бундеслигата не беше соврешно, но и не беше далеку до троффејот. Многу играчи беа среќни со него и имаа пофалби кога замина. Мора нешто да се случило кога Баерн донесе таква одлука“, изјави Матеус.
Според Матеус, Тухел имал сосема поинакви планови.
„Тухел беше блиску до Јувентус и Баерн не сакаше да чека, па ја искористи приликата додека беше слободен. Баерн не веруваше 100% во Нагелсман“, изјави Матеус.
Баерн се уште е во игра за трофејот во Германија, но Борусија во последното коло влегува со два бода предност.