Дома Фудбал Навивачите на Босна прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто (Видео)

Навивачите на Босна прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто (Видео)

Вечерва, според средноевропското време, во 21:00 часот фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе го одигра првиот натпревар од групата Б на Светското првенство против едниот од домаќините, селекцијата на Канада, во Торонто.

Социјалните мрежи се преполни со видеа и фотографии на кои се гледаат долги колони на автомобили украсени со знамиња на Босна и Херцеговина како минуваат низ улиците на овој канадски град.

Трубите, песната и знамињата создаваат атмосфера која ретко се може да се забележи и јасно покажуваат колкава поддршка имаат Змејовите, иако се далеку од дома.

Според проценките на организаторите, се очекува дека во текот на денот и вечерта околу 30.000 навивачи од Босна и Херцеговина ќе се соберат на улиците на Торонто и на самиот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…