
Мексиканците зададоа жестока шлаканица на Американците на отворањето на Светското првенство. На стадионот Ацтека се појави забрането знаме.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На култниот стадион Ацтека официјално беше отворено 23-то Светско првенство во фудбал. На отворањето во Мексико Сити играат домашната селекција на Мексико и Јужна Африка, а за време на церемонијата се појави и забрането знаме.
Меѓу сите други знамиња беше и руското – држава која е исклучена од сите натпреварувања под раководство на ФИФА и УЕФА. Поради тоа, оваа сцена е навистина бизарна.
Овој потег е сериозна шлаканица за Американците. Тие буквално се нервираат кога гледаат нешто руско, а сега добија од соседите добра порција.
Мексико и САД формално се блиски сојузници, но односите меѓу двете земји со години се оптоварени со миграции, ѕидови на границите, трговски војни и безбедносни прашања. Во таков контекст, кадар од руското знаме среде најголемата фудбалска сцена на светот добива дополнителна тежина.
Посебно е интересно што сето ова се случува во момент кога Русија сè уште е под строги санкции, а нејзините спортисти и репрезентации живеат во некој вид вакуум. ФИФА и УЕФА ја исфрлија од сите натпреварувања, но нејзиното знаме сè уште наоѓа пат до ТВ екраните, овој пат токму на “нивниот” терен.
Die russische Flagge wurde in einem Stadion in Mexiko-Stadt gesichtet, wo heute das Eröffnungsspiel der FIFA-Weltmeisterschaft 2026 stattfinden wird.
— 𝕚𝖓𝖌o µ𝖘ɔh𝔫ҽЯ 🇷🇺 (@ingouschner) 11 јуни, 2026
Geht doch 👍 https://t.co/W6bidELnEW pic.twitter.com/E6XY6B4mYX