Дома Фудбал Tрибините на натпреварот Јужна Кореја – Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни

Tрибините на натпреварот Јужна Кореја – Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни

Фудбалерите на Јужна Кореја успеаја да ја надминат Чешка со резултат 2:1 во првото коло од групата А на Светското првенство, а особено внимание предизвика изгледот на трибините.

Многу навивачи ширум светот се жалеа дека билетите за натпреварите се исклучително скапи, а сцена од натпреварот на Јужна Кореја и Чешка тоа и го потврди.

Официјалниот капацитет на стадионот Акрон во Сапопан изнесува 48.000 седишта, а во официјалниот извештај на ФИФА стои дека мечот го следеле 44.985 гледачи, значи бил речиси пополнет до последниот простор.

Меѓутоа, гледачите пред телевизиските екрани и фотографиите направени од фоторепортерите на стадионот зборуваат нешто сосема различно.

Иако натпреварот беше закажан за ударниот термин во 20 часот по локално време, трибините беа полупразни, а фотографиите од натпреварот брзо се проширија низ социјалните медиуми.

“Ако трибините ќе останат вакви до крајот на првенството, подобро е да не се игра”, “Ова е најлошото Светско првенство досега”, “Четири години чекаме на Светско првенство, а стадионите изгледаат како за пријателски натпревари”, “Сите се плашевме дека ова ќе се случи во Катар, но тоа се случи четири години подоцна. Браво, Инфантино”, се некои од коментарите на разочараните навивачи.

Да потсетиме, стрелци за Јужна Кореја беа Хванг Ин-Беом во 67 минута и О Хјон-Гју во 80 минута, додека за Чешка постигна Ладислав Крејчи во 59 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија Ѓорче Петров против Камјани им се врати на победите

Македонија Ѓорче Петров стигна до важни три бода во првиот натпревар од петтото коло во Вт…