Дома Фудбал Германија Нагелсман пред враќање во Баерн Минхен

Нагелсман пред враќање во Баерн Минхен

Баерн Минхен е се поблиску до конечен договор со Јулијан Нагелсман, пренесува „Скај Германија“.

Во моментов се водат напредни преговори меѓу двете страни. Се очекува Нагелсман да ја одбие понудата на германската федерација и да потпише договор на три или четири години со Баварците.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што е познато, пред нешто повеќе од една година Нагелсман беше изненадувачки отпуштен токму од тренерската функција на Баерн и беше наследен од Томас Тухел.

Со оглед на заминувањата на Оливер Кан и на Хасан Салихамиџиќ, 36-годишниот тренер нема проблеми со актуелното раководство во клубот, каде спортско-техничката моќ моментно е во рацете на Макс Еберл и Криштоф Фројнд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул сака да потпише со „експлозивен напаѓач“

Ливерпул го има Абде Езалзоули од Реал Бетис на својата агенда за летото. Импресивните нас…