Дома Трансфер зона Навивачите веќе го заборавија: Фил Џонс се збогуваше со Манчестер Јунајтед

Навивачите веќе го заборавија: Фил Џонс се збогуваше со Манчестер Јунајтед

Како што стојат работите, Фил Џонс по 12 години во Манчестер Јунајтед ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Договорот на Џонс истекува на лето и во него има опција да го продолжи на уште една, но клубот одлучи да не ја активира таа клазула. Сер Алекс Фергусон во 2011 година го доведе Фил Џонс од редовите на Блекбурн и за него плати 19.3 милиони евра.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Сепак, во последните години Џонс има проблеми со повредите и повеќе е надвор од терените отколку што игра. Со клубот од Манчестер во минатото освои шест трофеи и собра вкупно 229 настапи во кои постигна шест гола и запиша 10 асистенции.

„Размислував како најдобро да ги претставам моите зборови и почувствував дека сакам да допрам до навивачите на Манчестер Јунајтед. Секогаш е тешко да заминете од еден клуб, го направив тоа со Блекбурн, тогаш имав 19 години и не можев да замислам што ќе следи. Моето време во Јунајтед беше неверојатно. Го претставував мојот клуб од детството и живеев вистински сон, бев мотивиран да им покажам на сите што можам“, стои во дел од пораката која Џонс ја остави на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…