Дома Фудбал Атлетико Мадрид договори шпански репрезентативец

Атлетико Мадрид договори шпански репрезентативец

Атлетико Мадрид го договори пристигнувањето на левиот бек на Бајер Леверкузен Алехандро Грималдо, објавуваат Фабрицио Романо и Матео Морето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


30-годишниот шпански репрезентативец ќе биде купен за сума од околу 23 милиони евра, што ќе биде целосната вредност на трансферот, вклучувајќи и можните бонуси. Веќе е се договорено помеѓу сите три страни, а самиот Грималдо веќе се согласил за договор со „јорганџиите“ до 2029 година со опција за уште една година.

Фудбалерот ги помина последните три сезони во Леверкузен, каде што имаше значаен придонес за освоената титула во Бундеслигата, Купот на Германија и Суперкупот на земјата во 2024 година. Тој има одиграно 145 натпревари со 30 гола и 45 асистенции за „аспирините“, а многу од тие голови беа постигнати со впечатливи удари од слободни удари.

Сега, воспитаникот на Барселона е на Светскиот куп 2026 со репрезентацијата на Шпанија, и за националниот тим има одиграно 14 натпревари. Грималдо не играше во првите два натпревари на „Црвената фурија“ на Светскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…