Дома Фудбал Челси се појави и му го украде засилувањето на Интер, веднаш даде повеќе пари!

Челси се појави и му го украде засилувањето на Интер, веднаш даде повеќе пари!

Челси го направи својот прв трансфер ова лето, обезбедувајќи еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, според водечките експерти за трансфери на Апенините. Договорот е со 21-годишниот десен бек на Аталанта, Марко Палестра.

Се очекува вкупната вредност на трансферот да изнесува 60 милиони евра, плус 10 проценти од следната продажба на играчот. Италијанскиот репрезент е предвидено да потпише шестгодишен договор со вредност од 5 милиони евра годишно, а закажани се и медицинските прегледи во Лондон.

Интересно е дека Палестра беше главен трансфер таргет за Интер, со кој постигна договор за соработка 2031 година, со годишна плата од околу 3 милиони евра. „Неразурите“ исто така биле блиску до договор со Аталанта, вреден 45+5 милиони евра, но Челси интервенираше во последен момент и успеа да постигне брз договор со клубот од Бергамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите го „разоткрија“ Мареска: Веќе почна да го глуми Пеп! (ВидеО)

Mанчестер Сити со победа отвори нова ера на Етихад. Граѓаните во првото коло од Премиер ли…