Дома Фудбал Јувентус сѐ повеќе размислува за ангажирање на Горецка

Јувентус сѐ повеќе размислува за ангажирање на Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка станува сѐ попривлечна опција за Јувентус, информира италијанскиот весник “Гадзета дело Спорт”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Торинскиот гигант и новоназначениот извршен директор Џовани Карневали ја имаат тешката задача да го засилат тимот на „бјанконерите“ во летниот преоден рок, но изоставувањето од Лигата на шампионите се очекува да има значително влијание врз приходите на клубот и неговата способност да ангажира играчи од највисоко ниво.

Договорот на Горецка со Бајерн (Минхен) нема да биде обновен и тој ќе биде на располагање како слободен агент по истекот на неговиот договор. Јувентус се обидува да си осигури и нов напаѓач, откако е јасно дека Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на месецов како слободен играч.

Последниот фактор што се појави на радарот на „бјанконерите“ е интересот на европскиот клубен шампион Пари Сен Жермен за играчот од средниот ред Кефрен Туре. Неговото име исплива на површина за време на бројните разговори меѓу торинскиот гигант и Парижаните околу можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во „Старата дама“.

Најголемата пречка за додавање на Горецка инаку секогаш била неговата плата, која ја надминува горната граница што е поставена во Јувентус, но контактите со неговите претставници никогаш не биле прекинати. Без Туре, постои можност тие да се интензивираат и да се навлезе во деталите за намалување на неговите примања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…