Дома Фудбал Меси не планира да запре по рекордите: Сакам да играм и на следното Светско првенство!

Меси не планира да запре по рекордите: Сакам да играм и на следното Светско првенство!

Лионел Меси се врати во репрезентацијата за настап на тековното Светско првенство, откако на претходното во Катар стана светски шампион и на тој начин ја комплетираше својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, имаше уште нешто да каже, откако на овој Мундијал го постигна својот прв хет-трик и стана најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето, ги надмина Мирослав Клосе.

Сега изгледа му се уште игра, откако веќе нема какви достигнувања да брка.

– Сè зависи од тоа како се чувствувам, како сум физички и дали сум реален кон себе. И да знам дали сум способен да се натпреварувам и да им помагам на соиграчите кои се покрај мене, рече 39-годишниот Меси, пренесува специјализираниот “Goal.com”.

Јасно потврди дека нема намера да прекине со професионалното играње фудбал.

– Да, да… Ќе продолжам уште некое време, всушност сè додека можам да придонесувам, додека се чувствувам добро физички и додека им помагам на соиграчите… Ќе продолжам да играм, не остави дилема Меси, истакнувајќи дека постои можност да го видиме на следното Светско првенство за четири години:

– Малку сум постар, но и натаму можам да правам добри работи. Нема да кажам дека нема да бидам таму, затоа што во фудбалот сè се менува, откри Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…