Дома Останати Тенис Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе од Португалија во второто квалификациско коло на Вимблдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонската тенисерка не го отвори најдобро мечот и рано го загуби својот сервис, што ѝ овозможи на противничката да поведе со 2-0. Сепак, Ѓорческа брзо се врати во ритам, заигра подобро и успеа да поведе со 4-3, но Хорхе повторно направи брејк и го доби првиот сет со 7-5.

Во вториот сет Ѓорческа целосно ја презеде контролата. Со сигурна игра и неколку брејкови, славеше убедливо со 6-2 и израмни на 1-1 во сетови.

Одлучувачкиот сет донесе доминација на македонската тенисерка, која ги искористи грешките на противничката и со 6-1 стигна до конечна победа и пласман во третото квалификациско коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Фановите загрижени: Ѓоковиќ неочекувано го откажа настапот пред Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ имаше план да учествува на егзибицискиот турнир во Харлинген, кој се смета з…