Дома Останати Тенис Фановите загрижени: Ѓоковиќ неочекувано го откажа настапот пред Вимблдон!

Фановите загрижени: Ѓоковиќ неочекувано го откажа настапот пред Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ имаше план да учествува на егзибицискиот турнир во Харлинген, кој се смета за увертира пред третиот гренд слем оваа сезона, Вимблдон. Сепак, српскиот тенисер се повлече на денот кога требаше да го одигра првиот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новак требаше да се соочи со рускиот тенисер, Карен Хачанов. Сепак, рано утрината реши да го откаже дуелот и така ќе влезе во третиот гренд слем на сезоната без никаква официјална или егзибициска подготовка.

Ѓоковиќ има освоено седум титули на Вимблдон, и заедно со Роџер Федерер го држи рекордот. Сепак, повторно ќе се постави прашањето за недостатокот на натпреварувачка активност, што би можело да претставува проблем за Новак на теренот.

Сè уште не е откриено зошто Ѓоковиќ донел одлука да се повлече, но фановите се надеваат дека не е во прашање некаква повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …