
Екипата на Силекс ги потврди првите две засилувања за новата сезона, а станува збор за двајца напаѓачи од Босна и Херцеговина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во кратовскиот тим пристигнуваат 27-годишниот Нихад Шеро и 24-годишниот Есмир Хасукиќ, од кои се очекува да донесат погодоци во претстојната сезона, во која Силекс ќе има високи амбиции.
Шеро, кој игра на крилните позиции во нападот и доаѓа од екипата на Челик Зеница, додека Хасукиќ е централен напаѓач и пристигнува од ГОШК Габела.
Од нив се очекува да ја пополнат празнината по заминувањето на Португалецот Пиреш, кој беше најдобар стрелец на кратовскиот состав минатата сезона, по што одлучи да ја продолжи кариерата во Вардар.
Двајцата нови фудбалери веќе им се приклучија на подготовките што Силекс ги спроведува во Охрид.