Жозе Мурињо сака да стане првиот менаџер кој освоил значајни титули со три различни клубови од Премиер лигата.
Според англиските медиуми тоа е основната причина поради која Португалецот се уште не се враќа на тренерската работа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, „Специјалниот“ чека понуда од Премиер лигата бидејќи сака да биде блиску до неговото семејство кое живее во Лондон.
Откако не ја доби работата во Арсенал, сега единствена опција за Мурињо останува Тотенхем. „Спарси“ лошо ја отворија сезоната па раководсвото размислува за смена на Покетино.
Мурињо веќе одби неколку понуди за работа во последните 10 месеци, бидејќи смета дека не се пропорционални на неговите амбиции.
Мурињо чека понуда од Премиер лигата и само евентуално враќање во Реал Мадрид може да го натера да го напушти Островот.