Дома Фудбал Во Швајцарија и понатаму се бесни: Игравме против ВАР, судиите, навивачите и Аргентина!

Во Швајцарија и понатаму се бесни: Игравме против ВАР, судиите, навивачите и Аргентина!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин, не го криеше своето незадоволство од судењето по поразот на неговата селекција од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство.

Јакин остро го критикуваше арбитрот Жоао Пинеира и системот на ВАР, алудирајќи дека одлуките беа во корист на актуелните светски прваци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарија се раздели со Мундијалот, но страстите не се смируваат ден по елиминацијата. На конференцијата за медиумите, заедно со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, Питер Кнебел, и директорот на репрезентацијата, Пиерлуиџи Тами, Јакин понуди сериозни обвинувања против арбитарот.

“Не игравме само против одличната Аргентина и светските прваци. Игравме и против 70,000 аргентински навивачи, арбитарот и ВАР системот”, изјави видливо фрустрираниот Јакин.

Швајцарскиот стручњак беше посебно изнервиран од исклучувањето на напаѓачот Брил Емболо, што го сметаше за целосно неправедно, кратко коментирајќи:

“Мислам дека тоа беше непотребно правило.”

Да потсетиме, Емболо беше казнет со втор жолт картон поради правилото за “замена на идентитет”. Главниот судија досуди прекршок на Емболо, а по повикот од ВАР собата и преглед на снимката, реши да додели втор жолт картон на швајцарскиот напаѓач за симулирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од најславните голгетери во историјата ќе биде нов селектор на Уругвај!

Некогаш познатиот напаѓач Диего Форлан се очекува да стане новиот селектор на Уругвај. Как…