Дома Фудбал Oва е човекот кој го поништи црвениот картон на Балогун, скокнал 17 колеги со кои требало да се консултира

Oва е човекот кој го поништи црвениот картон на Балогун, скокнал 17 колеги со кои требало да се консултира

Во јавноста сè уште не стивнуваат реакциите поради огромниот скандал на Светското првенство во Америка, каде што ФИФА одлучи да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун, напаѓач на репрезентацијата на САД.

Поточно на Балогун му беше заменета суспензијата од една натпреварувачка игра со условна казна за наредната година, нешто досега невидено во фудбалскиот свет, а денес беа објавени нови детали за скандалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се откри дека поништувањето на црвениот се случило на целосно неверојатен начин, бидејќи одлуката за поништување на суспензијата ја донел само еден од 18 членовите на Дисциплинската комисија на ФИФА.

Клучната личност во оваа “операција” на Американците беше претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА, Мохамад Ал Камали од Обединетите Арапски Емирати, кој самостојно ја донел одлуката за поништување на суспензијата на Балогун.

Ал Камали не ги консултирал останатите 17 членови од неговата комисија, што дополнително подгрева сомневања дека бил под влијание или притисок од надворешни фактори.

Ал Камали е истакнат правен експерт од Обединетите Арапски Емирати. Освен фудбалот, Ал Камали оставил белег во спортската администрација на својата земја. Тој има важни функции во Националниот олимписки комитет на ОАЕ, каде што се занимава со промоција на олимписките вредности и развој на спортот.

Да потсетиме, Балогун заработи црвен картон на натпреварот меѓу Америка и Босна и Херцеговина во осминафиналето на Светското првенство, а потоа тој беше поништен за да може да игра во четвртфиналето.

Тоа не им помогна многу на Американците, кои беа поразени од Белгија со 4:1 во таа фаза на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед го договори капитенот на Белгија за 41 милион евра!

Манчестер Јунајтед денеска го заврши договорот за првото големо засилување за летниот тран…