Дома Фудбал Решена е мистеријата: Откриено зошто Халанд изгледаше непрепознатливо против Англија

Решена е мистеријата: Откриено зошто Халанд изгледаше непрепознатливо против Англија

Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд играше во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија со вироза, тврди поранешниот напаѓач на Челси, Тони Каскарино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каскарино изјави дека на полувремето од натпреварот помеѓу Англија и Норвешка, кој заврши со 2:1 за Гордиот Албион по продолженијата, добил порака од сигурен извор дека Халанд пред натпреварот се борел со вироза и таков влегол и во самиот натпревар.

“Физички не изгледаше добро. Излезе од играта, а не стануваше збор за повреда. Претпоставувам дека е точно тоа што го слушнав. Го мачеше болест”, изјави Каскарино, пренесува TalkSport.

Халанд против Англија го одигра својот најслаб натпревар на Мундијалот, едвај ја допре топката покрај енглеските штопери Марко Гуеи и Џон Стонс, изгледаше чудно, а теоријата за вироза звучи сосема реална.

Да потсетиме, четири дена пред самиот натпревар меѓу Норвешка и Англија, се појави информација дека вирусот „покосил“ соблекувалната на Викинзите, но тогаш, секако, не беше објавено кои играчи „страдале“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е конечниот пласман на Мундијалот од 5. до 48. место

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во својата завршница, синоќа завршија…