
Додека Лионел Меси ги води актуелните светски шампиони кон одбрана на титулата, рушејќи рекорди пред полуфиналниот дуел на Светското првенство со Англија, малкумина размислуваат за еден неверојатен податок. Ако неговата кариера започнела денес, осумкратниот освојувач на Златната топка можеби никогаш не би го облекол дресот на Аргентина, на која ѝ донесе светска слава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува порталот „Sport Bible“, Фудбалскиот сојуз на Аргентина на почетокот од годинава донесе строга наредба со цел да ги заштити домашните тимови од прерано заминување на таленти во Европа. Имено, младите фудбалери кои ќе одлучат да заминат од државата пред да потпишат свој прв професионален договор во татковината, во иднина нема да добиваат повик за националните селекции.
Токму ова правило пред три децении ќе го прекинеше репрезентативниот пат на Меси, со оглед на тоа што тој како тринаесетгодишник го напушти Њуелс Олд Бојс за да се пресели во познатата академија на Барселона, „Ла Масија“.