
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино изјави дека по завршувањето на Светското првенство во 2026 година ќе биде разгледана можноста за понатамошно проширување на бројот на учесниците на завршниот турнир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Годинешното Светско првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави за првпат собра 48 репрезентации, што беше одлука која пред турнирот предизвика бројни критики, но ова прашање скоро не беше дискутирано по почетокот на натпреварувањето на 11 јуни.
„Сите тие се прашања што ќе ги разгледуваме по Светското првенство”, рече Инфантино за швајцарската телевизија ‘Blue Sport’.
Првиот човек на ФИФА не сакаше да говори за деталите, но истакна дека целта на организацијата на Светското првенство е тоа да биде достапно до целиот свет.
„Важно е кога организирате Светско првенство, да го правите тоа за целиот свет, не само за Европа и Јужна Америка, туку за сите континенти. Секоја држава треба да има право да сонува за пласман на Мундијалот. Квалитетот на репрезентациите е извонредно висок и постојано расте ширум светот”, рече Инфантино.
Тој додаде дека треба да се даде можност на помалите фудбалски нации да учествуваат на најголемото натпреварување.
„Ако не им дадете шанса на помалите земји да играат на Светското првенство, нема да имаат поттик да продолжат да напредуваат”, рече претседателот на ФИФА.