Дома Останати Тенис Ѓорческа скокна на ВТА листата по настапот на Вимблдон, еве на кое место е сега

Ѓорческа скокна на ВТА листата по настапот на Вимблдон, еве на кое место е сега

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи значителен напредок на најновата ВТА-листа, откако со успешниот настап во квалификациите за Вимблдон повторно се искачи во светскиот поредок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓорческа со трите победи во квалификациите и пласманот во главната ждрепка на престижниот грен-слем напредуваше за 14 позиции и од денеска се наоѓа на 209. место со 367 бодови. По период во кој забележа пад на ранг-листата поради поскромни резултати, македонската тенисерка повторно е во добра позиција да го нападне својот најдобар пласман во кариерата, а тоа е 170. место на ВТА-листата.

На самиот врв нема промени. Арина Сабаленка останува лидерка на светската ранг-листа, иако нејзината предност е намалена по нешто послабите резултати на последните турнири. Во моментов, таа има 407 бодови повеќе од најблиската конкурентка, Елена Рибакина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка повторно ги израдува машките фанови – објави „жешки фотографии“ во бикини! (Фото)

Арина Сабаленка уште еднаш докажа дека не ја привлекува само со брилијантната игра на тени…